433
Синоќа од водите на реката Вардар во центарот на Скопје било извлечено тело, информираат од МВР. Според изјавите на очевидците, телото на мажот било извлечено од страна на полицијата помеѓу Камениот мост и мостот око.
Неговиот идентитет засега е непознат за полицијата.
„Полициските службеници од Единицата за интервента полиција при СВР Скопје го извадиле телото од реката и кај него не биле пронајдени документи за идентификација“, велат од СВР Скопје.
Извршен е увид, а по наредба на обвинител телото е дадено на обдукција.