Изводи ќе може да се вадат во Општините Карпош и во Аеродром

од desk2
124 прегледи

Градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев и градоначаникот на општина Аеродром, денеска имаа одделни средби со директорот на Управата за водење матични книги Ѓоко Котевски.


На работните средба, како што информираа од двете општини се разговарало за отворање подрачна канцеларија на Управата за водење матични книги на територијата на локалната самоуправа.

Во неа граѓаните на Карпош и на Аеродром ќе можат да добиваат официјални документи кои ги издава оваа институција.

Предвидено е канцеларијата во Општина Аеродром да биде отворена на 22 ноември 2017 година, од кога жителите на општина Аеродром ќе имаат можност да поднесуваат барања и да подигнуваат готови изводи од матичната евиденција во својата општина.