264
Паулињо собори рекорд во шпанската Примера Лига по победата на Барселона со 2:0 како гостин на Еибар. Бразилецот стана првиот играч во историјата на турнирот, кој одиграл 23 натпревари и сè уште нема пораз.
Халфот се здоби со многу потсмев при неговото доаѓање од Гуангжу, но постепено стана еден од лидерите на Каталонците. Особено многу критики доби Паулињо кога не покажа добра техника на жонглирање. Неколку месеци подоцна, тој се смета за еден од трансферите на сезоната.
Бразилецот има 8 гола во овие 23 натпревари и ѝ помогна на Барса да биде убедлив лидер на табелата, на 7 поени од вториот Атлетико Мадрид.
Само Лионел Меси и Луис Суарез имаат повеќе голови од Паулињо.