Извонредно достигнување на Андрес Иниеста

од Vladimir Zorba

Поранешниот шпански репрезентативец и играч за врска на Барселона, Андрес Иниеста забележа несекојдневно достигнување. Плејмејкерот, кој моментално игра во Емирати ФК од Обединетите Арапски Емирати, го одигра 1.000-тиот натпревар во својата славна кариера.

Изминатиот викенд, Иниеста одигра скоро 80 ​​минути за Емирати ФК во победата од 2-0 над Ајман во натпревар од првенството на ОАЕ. Тоа беше 12-ти натпревар за Иниеста за неговиот сегашен клуб.

За вториот тим на Барселона има 49 натпревари, за првиот тим на „каталонците“ 674, за јапонскиот Висел Кобе – 134, а за репрезентацијата на Шпанија – 131.

Договорот на 39-годишниот Иниеста со Емирати ФК е до летото оваа година.

Слични содржини