246
Администрацијата на новиот американски претседател Џосеф Бајден и предложи на Русија продолжување на Пактот за стратешко намалување на оружјето, познат како Нов СТАРТ.
Предлогот бил доставен до руските официјални лица, изјави анонимен американски службеник.
Сè уште нема официјална потврда од Белата куќа, иако американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно изјави дека ќе побара продолжување на договорот.
Новиот СТАРТ треба да истече во февруари и тој е последниот договор со кој Русија и Соединетите држави се ограничуваат едни на други за прашањето на нуклеарно оружје.