Извор од израелската војска: Офанзивата во Газа нема да биде чиста

од Stefanija Kuzmanovska
223 прегледи

Дописникот на „Скај Њуз“ од Блискиот исток, Алистер Бункал, денеска разговараше со извор од израелските одбранбени сили за претстојната офанзива во Газа, дом на голем број палестински цивили и дом на Хамас, исламистичката терористичка организација која го изврши најголемиот напад врз Израел уште од војната во Јом Кипур.

Кога Израел ќе започне воена операција во Газа, цел ќе бидат Хамас и Исламскиот џихад. Сепак, густината на населението во Газа е таква што е апсолутно неизбежно да бидат погодени и цивили, јавува дописникот.

„Нема да биде чисто“
„Извор од ИДФ ми кажа утрово – и тоа беа неговите точни зборови – нема да биде чисто“, пишува Бункал, додавајќи дека кога ќе се земат предвид другите фактори, како што е целосната блокада што Израел ја објави вчера, која вклучува прекин на снабдувањето со вода, храна, гориво и електрична енергија, ситуацијата во Газа може да стане многу, многу лоша.

Израелскиот извор додаде дека некои од водечките луѓе на Хамас воопшто не се во Газа и конкретно го спомена Исмаил Ханије, кој моментално се наоѓа во Катар. Сето ова, вели тој, претставува само еден од предизвиците со кои ќе се соочат Израелците во претстојниот офанзивен период.

„Секоја армија, без разлика дали е моќна како израелската, американската или британската, која се обидува да ја избрише идеологијата на група како Хамас, се соочува со практично невозможна задача“, заклучува дописникот на „Скај Њуз“.

Слични содржини