Извор во руското обвинителство: Пригожин се уште е под истрага

од Stefanija Kuzmanovska
220 прегледи

Продолжува истрагата за кривичниот случај против Евгениј Пригожин, лидерот на приватната воена компанија „Вагнер“, против кого во саботата беше покрената кривична постапка поради повикување на вооружен бунт, изјави денеска за ТАСС извор од руското државно обвинителство.

„Кривичната постапка против Пригожин не е прекината. Истрагата продолжува“, изјави изворот.

Според „Комерсант“, кривичната постапка против него за организирање вооружен бунт не е прекината и тој сè уште е под истрага од Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Слични содржини