Извозот до ноември помал за околу 400 милиони долари во однос на 2014 година

од desk3
109 прегледи

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари-ноември 2015 година, изнесува 4.123.350.000 долари, и во однос на истиот период од 2014 година, кога изнесувал 4.542392.000 долари, има намалување од 419.042.000 долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

uvoz-izvoz

Вкупната вредност на увозот, во периодот јануари-ноември 2015 година, е 5.811.860.000 долари и во однос на истиот период од 201 година, кога изнесувал 6.651.536.000 долари, има намалување од 839.676.000 долари.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2015 година, изнесува 1.688.510.000 долари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-ноември 2015 година, изнесува 70,9 проценти.

Gallup за 2016 : Само 25% од Македонците очекуваат ек. просперитет, 30% не очекуваат, 38% се неутрални…

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, комплетите проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и од челик.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

 

META