Извршена прелиминарна распределба на автобуските линии

од Берта Китинска

Министерството за транспорт и врски соопшти дека е извршена прелиминарна распределба на автобуските линии.

Вкупно 140 апликации беа поднесени за нови или промена на веќе постоечки автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќај.Од нив 41 апликации беа за вршење на меѓуопштинскиот превоз на патници и 99 апликации за меѓународен превоз на патници.Врз основа на прелиминарната распределба:
–  За меѓуопштински превоз на патници одобрени се 16 апликации и 25 се одбиени.
–  За меѓународен превоз на патници одобрени се 67 апликации, 10 апликации се делумно одобрени и 22 се одбиени.

Распределбата на автобуски линии се врши врз основа на критериуми утврдени во Законот за превоз во патниот сообраќај и Правилникот за начинот, постапката и поблиските критериуми за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници и за формата и содржината на образецот на дозволата и на возниот ред, соопштија од Министерството за транспорт.

Слични содржини