Извршена е прва трансплантација на рожница во нашата држава во јавното здравство. Ова претставува исклучително значаен и долгоочекуван чекор напред за нашата држава, за здравството и пред се за пациентите кои имаат потреба од ваков вид високо-специјализиран третман, објави на својот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски.
Со ова, посочува премиерот, Македонија се вбројува меѓу ретките држави во регионот кои извршуваат вака сложена операција.
Тој наведува дека операциите ги извршиле доктори од Duke University (САД), еден од највисоко рангираните универзитети за клиничка медицина во светот, Лојд Вилијамс, Николас Гарсон и Шина Сонг, заедно со тим на македонски офталмолози.
-Националниот координатор за трансплантација, проф д-р Билјана Кузмановска и доц Д-р Наташа Трпевска Шекеринов, директор на Универзитетската клиника за очни болести во Скопје, го координираа овој процес. Се изведоа девет операции за прв пат во државата како најсовремена трансплантациона метода. Ова е голем чекор за македонското здравство, напиша Мицкоски.