Извршена уште една трансплантација на црн дроб на Клинички

од Nikola Popovski

Министерството за здравство информираше дека на хируршките клиники во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“  извршена е уште една трансплантација на црн дроб, на бубрези и на коскени ткива, откако вчера попладне семејство на пациентка во мозочна смрт даде согласнот за донирање.

-Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат. Благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови учествуваа во подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали. Радува тоа што се повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите и да спасат некому живот, истакна министерот за здравство Беким Сали.

Кон крајот на ноември 2022 година, беше изведена првата трансплантација на црн дроб од починат донор. Трансплатацијата се изведе на Клиниката за дигестивна хирургија. Шеeсетгодишен пациент со хронично заболување на црниот дроб доби здрав орган од пациент со мозочна смрт, чие семејство синоќа се согласи да му ги донира органите.

-Ни покажаа уште еднаш дека живот може да се подари. Благодарност и до сите медицински тимови вклучени во трансплантацијата, кои изминатите 24 часа работеа и продолжуваат да работат со пациентите. Посебна благодарност до проф. Зоран Караџов и неговиот тим, како и до тимот на Клиниката за гастроентерохепатологија, кои денес испишаа нов лист, не само во делот на дигестивната хирургија, туку и во целокупното здравство, рече тогаш Сали.

Слични содржини