Извршниот директор на Баерн: „Мислам дека играчите се одговорни за ситуацијата во која се наоѓаме“

од Vladimir Zorba
267 прегледи

Тренерот на Баерн, Томас Тухел денеска изјави дека ќе направи се за да постигне максимални резултати со фудбалскиот клуб од Минхен до крајот на сезоната.

Баерн претходно денеска соопшти дека Тухел го напушта клубот по крајот на сезоната.

„Се договоривме да ја прекинеме соработката на крајот од оваа сезона“.

Тухел ја презеде тренерската функција во Баерн во март 2023 година, а имаше договор со минхенскиот клуб до 30 јуни 2025 година. Минатата сезона со Баерн ја освои титулата во Бундес лигата.

„По отворена дискусија дојдовме до заклучок дека го раскинуваме договорот на крајот на сезоната. Клубот сака да бара нов правец со нов тренер од следната сезона. Дотогаш ќе инсистираме секој поединец во Клубот да дава се од себе за да се постигне максимален учинок во шампионската лига и во Бундеслигата“, изјави извршниот директор на Баерн, Јан-Кристијан Дрезен.

Тој истакна дека играчите на Баерн се одговорни за резултатите.

„Верувам дека тимот е одговорен за ситуацијата во која се наоѓаме, особено во Лигата на шампионите. Бидејќи загубивме со 1:0 од Лацио, уверен сум дека во реваншот, со поддршка од нашите навивачи, ќе обезбедиме пласман во следната фаза од натпреварувањето“, додаде Дрезен.

Баерн моментално е на второто место во Бундеслигата, со осум бода помалку од првопласираниот Баер Леверкузен.

Слични содржини