Ралф Брандштетер, извршен директор на „Фолксваген“ во Кина, објасни дека европските купувачи претпочитаат тактилни контроли, издржливост и квалитет на возилата и динамика на возење. Друга приказна е во Кина, каде што купувачите претпочитаат возила со вештачка интелигенција, поврзани возила, беспрекорна гласовна контрола и паметни кокпити.
Иако Брандштетер ги спореди купувачите на електрични возила во Европа и Кина, едно е константно – големите екрани ги заменија копчињата и бројчаниците со кои ги контролирате функциите на возилото. Но, „Фолксваген“ сега најавува враќање на функционалните копчиња за основни функции, како што е климатизацијата.
Според „ХАК“, просечниот купувач на автомобили во Европа е стар 56 години, додека во Кина, купувачите се многу помлади и постои голема разлика во нивниот став кон технологијата. Имено, купувачите на електрични возила во Кина се во просек стари околу 35 години.
– Кина ја предводи глобалната трансформација во е-мобилноста, особено во хемијата на батериите, интеграцијата на системите за активна безбедност и урбаната инфраструктура за електрични возила. Унифицираниот технолошки екосистем на кинескиот пазар е неспоредлив со кој било друг. Но, она што функционира во град како Шангај, каде што просечните брзини се под 30 км/ч, не мора нужно да се преведе и на германскиот автопат, каде што, на пример, системите за асистирано возење мора да работат и при максимална брзина. Ова е исто така една од причините зошто многу кинески производители на оригинална опрема (OEM) не нудат дел од своите технологии во Европа – објасни Ралф Брандштетер во текст што го објави на Linkedin.