Извршниот директор на Јувентус: Де Лихт сака да замине, тешко е да се задржи играч

од Stefanija Kuzmanovska
187 прегледи

Извршниот директор на Јувентус, Маурицио Аривабене изјави дека фудбалерот Метјус де Лихт сака да го напушти клубот, но дека сите три страни мора да бидат задоволни од трансферот.

Холандскиот фудбалер има договор со Јувентус до јуни 2024 година. Раководството на клубот веќе неколку месеци се обидува да го продолжи договорот со него, но Де Лихт сака да си замине. Медиумите шпекулираат дека Челси преговара за трансфер со италијанскиот клуб.

„Зборуваме за играчи кои ги слушаат советите на менаџерите или колегите, наместо клубот. Денес е невозможно да се задржи играч кој сака да си замине. Не секогаш се работи за пари и ако некој сака да си замине не можете само да му кажете – во ред. Тешко е да се задржи играч, но понудите што ги имаме на преговарачката маса мора да бидат задоволителни за сите. Кој има пари, победува“, изјави Аривабене за „Тутоспорт“.

Во 2019 година Де Лихт премина од Ајакс во Јувентус за 85,5 милиони евра. За црно-белите одигра 117 натпревари, постигна осум гола, а во првата сезона во Торино 2019/2020 ја освои титулата во Серија А.

Тој пред неколку недели изјави дека не постигнал договор за нов договор со Јувентус.

Челси понуди 40 милиони евра за Де Лихт и играчите Тим Вернер или Кристијан Пулишиќ, но Јувентус сака многу повеќе пари за својот одбранбен играч.

Слични содржини