Боксерката од Алжир, Имане Келиф го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз, откако во финалето со едногласна одлука на судиите (до 66 килограми) ја совлада Лиу Јанг од Кина.
Немаше преголема дилема за судиите, тие гледаа демонстрација на сила на еден против друг ривал, бидејќи Келиф, како и сите претходни борби што ги имаше во Париз, тоа го правеше со максимална сила, концентрирана од почетокот до самиот крај, до последниот гонг.
Таа во финалето победи со резултат 5:0.
Веќе во првата рунда постигна брзи поени со неколку удари, а потоа продолжи во ист ритам и во втората, за во третиот период свесна за својата голема предност избегна повеќе напади од Кинеската и го дочека крајот како победник.
Таа го чекаше моментот на најголема слава по најголемите напади – оние надвор од рингот.
Последниот гонг одбележа и голема, неопислива прослава на девојката која поради изгледот и сомнежите дека не е жена, туку маж, беше под налет на критики и навреди од сите страни.
Таа не отстапи, застана цврсто и одговори како што само таа знае и умее – со победи во рингот.
Вечерва слави Алжир, слави оваа храбра девојка…