Ја добивме Бугарија со 3:0, кажа Николоски за аргументите околу пругата за Коридор 8

од Nikola Popovski
67 прегледи

Министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николовски денеска од Собранието зборуваше за железничката пруга кон Бугарија која е дел од Коридорот 8. Според него, оваа Влада иако била критикувана од Бугарија вели постапила домаќински бидејќи заштедени се пари на граѓаните. Николоски употреби и „фудбалски термин“ одговарајќи на пратеничко прашање од собраниската говорница.

-Во однос на аргументи, фудбалски кажано Бугарија ги добивме со 3-0. Трите наши аргументи се прифатени и очекувам да соберат храброст и да се одржи и третиот состанок во Скопје. Еве оваа недела требаше да се одржи во Скопје, но одолговлекуваат. Нека соберат храброст да ја затвориме оваа тема. Нашите аргументи се јасни. Да се направи ревизија на цената, мора да има зеднички проект за потенцијално тунелот кој треба да ги спојува двете држави и трето да си го завршат нивниот дел да се спојат до границата. Поентата на изградба на оваа пруга е да се споиме и да имаме воз од Скопје – Софија – Црното море. Во однос на другата страна на коридор 8, нашиот сосед има некоја железница од времето на Енвер Хоџа која е нефункционална и завршува во местото Лин. Но ако следете медиуми тие почнаа да работат на две железнички линии кои што не се поврзани со Македонија, а тое е Драч -Тирана и другата што сакаат ја да градат е од Валона -Драч – Бар и да се поврзат со проистаниште Бар и целосно го игнориаат потенцијално коридор 8. И да се запрашаме, дали треба да се трошат пари за нешто што нема да не поврзе со никого, па мислам дека подомаќинско мислење од ова нема, рече Николоски.

Николоски уште претходно рече дека е прифатено заеднички проект за тунелот, Бугарија да го заврши својот дел од пругата и да се ревидира цената која е превисока, односно ревидирање на самиот проект.

Во однос на прашањето зошто од бугарска страна нема активности на проектот за изградба на пругата, министерот, неодамна при гостување на дебатна емисија, потенцира дека Бугарија работи на алтернатива на Коридорот 10 и поставување на Македонија во незавидна положба.

– Бугарија има приоритет да работи на алтернатива на коридорот 10 и тоа е најголемата битка која што се случува позади сцената во моментов бидејќи коридор 10 во Јужна Европа е најисплатлив коридор. Бугарија прави огромни притисоци да изработи алтернатива на коридор 10, односно од Ниш, наместо пругата да се спушта надолу кон Скопје и кон Солун, истата да оди источно кон Босилеград, а потоа по реката Струма да се спушта низ Бугарија и после тоа да се поврзува со Солун. Тоа е битката што позади завесата се случува во моментов. Доколку оваа битка се реализира, Македонија ќе стане слепо црево на Балканот. И затоа се нервозни, затоа што ние им ја разбиваме таа стратегија, со тоа што ставаме фокус на коридор кој што е економски најисплатлив и кој што најприроден, во исто време го градиме и коридор 8, рече Николоски пред десетина дена.

На почетокот на месецов, Министерството за транспорт информира дека на состанокот на делегации од Македонија, Бугарија и претставници од Европската Унија билo прифатено дека мора да има заеднички проект за тунелот со цел да не се гради тунел кој не води никаде, понатаму Бугарија да го заврши својот дел од пругата и трето да се ревидира цената која е превисока како и ревидирање на самиот проект. Во соопштението се додава дека двете делeгaции се согласиле и да се користи одлуката за технички проект за тунелот поднесен од ЈП Железници Инфраструктура.

Покрај претставниците од ЕУ, на средбата присуствуваа и претставници од Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка како и други институции инволвирани во развој на транспортната мрежа во регионот и Европа информираат од Министерството за трнанспорт.

Проектот „пруга до Бугарија“ го почна уште Владата на Бранко Црвенковски во 1994 година и оттогаш сите влади зборуваат за завршување на овој проект.

Во октомври 2022 година почна со градба на источен дел од железничкиот Коридор 8, секција Куманово – Бељаковце – Крива Паланка, а на свечениот настан присуствуваат експремиерот Димитар Ковачевски, тогашниот бугарскиот премиер Галаб Донев и министри од двете влади.

Коридорот 8 е важна железничка врска за целиот регион и ЕУ. Ќе донесе побрзо патување за стоки и патници, зголемување на мобилноста, пристап на пазарот и конкурентност на Западен Балкан.

Слични содржини