
На што се се подготвени денешните генерации на „Јутјуб“, за да ги направат своите видеа вирални, јасно покажува и „играта“ на момчињата во овие видеа, кои најверојатно биле снимени во Филаделфија.
Овие млади луѓе со велосипед едноставно си ја ставаат „главата во торба“ и преземаат екстремни ризици сериозно да се повредат, па дури и да го загубат животот во нивната глупава „игра на храброст“.
Како што можете да видите во првото видео, момче во зелена маичка на задното тркало вози велосипед кон автомобили од спротивната насока и избегнува директен судир во последна секунда.
И покрај недостаток на чиста логика, неразумниот ризик и сериозната опасност, тој го повторува овој „трик“ неколку пати и принудува еден џип да запре целосно.
И, додека тој собира аплаузи од пријателите што возат зад него и го снимаат, можеме само да размислиме како се чувствуваа и како „замрзнале“ возачите зад воланот на автомобилот што ги избрале овие млади луѓе за нивната „игра“.
Иако никој не беше повреден во видеата, станува збор за чиста среќа затоа што дури и дел од секундата на задоцнета реакција може да доведе до фатални последици.
Во секој случај, целата заедница, родителите, како и разни владини служби треба да се запрашаат, што се случува со светот, ако децата денес буквално ја ставаат „главата во торба“ за добро видео и кликови.