Ја имаше титулата најубаво девојче на светот, а сега ги освојува модните писти (ФОТО)

од Elena Daskalova

Тајлен Блондо пред 10 години беше прогласена за најубаво девојче во светот. Но, оваа млада девојка гордо може да ја понесе истата титула и денес, кога има 18 години.

Токму нејзината убавина ѝ носи многу професионални ангажмани, а на Модната недела во Париз таа носеше модел на Миу Миу. Тајлен повторно се враќа во фокусот на модниот свет и медиумите со својот беспрекорен изглед.

Многумина се согласуваат дека и денеска изгледа дури и уште поубаво отколку кога беше мало девојче и ѝ предвидуват блескава кариера.

Слични содржини