Млади дански тенисер толку полудел на четвртфиналниот меч на Ролан Гарос против Каспер Руд што ја исфрли мајка си од трибините.
Имено, како што пишуваат данските медиуми, Холгер Руне во еден момент „ги изгубил нервите“ и се „истурил“ на мајка си. Тој седнал на клупата, се свртел кон мајка си и почнал да вика:
„Оди си ако не можеш да ми помогнеш… Оди си!“
Неговата мајка, Анеке веднаш ги напуштила трибините, додека Руне после се најде изговор дека ситуацијата е целосно погрешно протолкувана и дека само сакал мир во тој момент.
Да потсетиме, Руне се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос откако го совлада четвртиот тенисер на планетата Стефанос Циципас и преку ноќ стана вистинска сензација на Гренд слем турнирот во Париз.
Сепак, на следниот чекор беше запрен од Норвежанецот Каспер Руд.