Роберт де Ниро е овогодинешниот добитник на признанието за животно дело од американското Здружение на филмски актери, а честа да го претстави ја имаше Леонардо ди Каприо, кој со Де Ниро последен пат глумеше во 1993 година во филмот This Boy’s Life.
Ди Каприо во говорот се осврна на плодната соработка на Де Ниро и режисерот Мартин Скорсезе, која во изминативе години ни подари култни остварувања, додека нивното последно дело е овогодинешниот кандидат за Оскар за најдобар филм, Ирецот.
„Многу работи научив од двајцата. Среќен сум што можам да ги наречам свои соработници. Вистинска чест ми е што по 30 години повторно ќе имам можност да играм со Боб во претстоечката драма на Мартин Скорсезе, Killers of the Flower Moon“, рекол Ди Каприо.
Идното остварување на Скорсезе ќе биде базирано на книгата од Савид Гран „Killers of the Flower Moo: The Osage Murders and the Birth of the FBI“, пренесува UNILAD.
Дејството на фимот е сместено во 20-тите години на минатиот век и зборува за семејство американски домородци од племето Осага, кои своевремено биле најбогатиот народ на светот благодарение на нафтата пронајдена на нивната територија.
Лакомоста за нафтата, за време на првата четвртина на 20 век, предизвика масовно убивање на припадниците на племето Осага, што доведе до еден од првите случаи со кои се занимавале ФБИ.
За Ди Каприо ова ќе биде шестти филм кој го снима со Скорсезе.