Патникот кој го преживеа падот на азербејџанскиот авион објави видео непосредно пред падот, а сега објави ново видео веднаш по падот. Според азербејџанските медиуми, несреќата ја преживеале 29 лица, од кои 14 се државјани на Азербејџан, додека според последните информации 38 лица загинале.
Од 27 лица, 11 се во тешка состојба и се на интензивна нега во болница. На споменатата снимка од патникот кој преживеал, се гледаат спасувачите како се приближуваат до делови од авионот и на лице место вршат тријажа.
По несреќата веднаш е поведена кривична постапка по Член за прекршување на безбедносните правила за управување со авион. Претседателот на Казахстан, Касим-Јомарт Токаев нареди да се формира работна група која ќе биде задолжена за целосна истрага за авионската несреќа.
View this post on Instagram
Точните причини за пренасочување на леталото и натаму се нејасни, додека едни тврдат дека причина за свртувањето кон Актау била густата магла, во соопштението на руската агенција „Росавијација“ се вели дека првичните информации укажуваат на одлуката на пилотот итно да слета по ударот во јато птици. Несреќата се случила во момент кога азербејџанскиот претседател Алијев бил на пат кон Русија за учество на неформалниот самит на независни држави организиран од неговиот руски колега Путин во Санкт Петербург. Шефот на Кремљ потврди дека разговарал со колегата.