Ја признавме грешката, направивме несреќен избор со бојата на дресот, вели Андоновски

од Берта Китинска
361 прегледи

Портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски во изјава за дневникот на ТВ Сител, рече дека Федерацијата направила грешка при изборот на боја на дресот на фудбалската репрезентација.

„Ние ја признавме грешката. ФФМ направи најверојатно несреќен избор и таа вина ја преземаме врз себе и врз службите во Федерацијата како што напомена во соопштението и самиот Сејдини. Да не заборавиме дека ракометната репрезентација на Македонија играше во црна боја на Светското првенство во Египет на почетокот на оваа година. Веројатно силината на фудбалот е до тој степен поинаква за да се реагира на тој начин. На крајот на денот се обидуваме да го промениме тоа на начин на кој што велат навивачите и поддржувачите затоа што тие се најбитни, тие го носат и чувствуваат македонскиот дрес, рече Андоновски.

Слични содржини