Јавноста е навикната да ја гледа Камила покрај нејзиниот сопруг Чарлс на клучните национални и меѓународни настани и прослави, па таа беше покрај него и кога тој официјално беше прогласен за крал.
Таа носеше црно за оваа пригода, како што налага протоколот, сепак, она што им падна во очи на многумина беше нејзиниот бисерен ѓердан.
Бисерите беа заштитен знак на кралицата Елизабета, а Камила изгледа ја продолжи традицијата. Покрај тоа што Елизабета речиси секогаш ги носеше, во кралското семејство бисери се носат и во периоди на жалост.
Оваа традиција датира од времето на владеењето на кралицата Викторија, која носеше црно 40 години во чест на својот покоен сопруг Алберт, пренесува The Sun. Единствениот накит што Викторија го носела 40 години бил црн или безбоен, а често избирала и бисери.
Традицијата ја продолжи кралицата Елизабета, која му оддаде почит на својот сопруг Филип со бисери носејќи бисерен ѓердан.
Она што е интересно е фактот дека Елизабета не само што носела бисери на погребот на принцот Филип, туку и за време на погребите на принцезата Дајана, принцезата Маргарет и кралот Џорџ Шести.
Експертот за кралски накит Лесли Филд истакна дека бисерите се традиционален накит за кралиците илјадници години. Таа особено нагласи дека до сега немало кралица која не ги носела.
„Беа ретки, убави и сјајни – и колку повеќе ги носите, толку стануваат посјајни“, заклучила Лесли.
Поради ова, многумина мислат дека Камила сакала да испрати порака за утеха на многу граѓани на Велика Британија, но и пошироко, и да покаже дека ќе ја зачува традицијата и споменот на кралицата Елизабета.