Кралицата Камила се огласи за здравјето на кралот Чарлс: Еве во каква состојба е британскиот монарх

Кралот Чарлс не извршува јавни должности од јануари, бидејќи се лекува од рак, оставајќи ги Камила и престолонаследникот Вилијам да бидат јавно лице на кралското семејство

од Бети Божиноска

Британската кралица Камила (76) денеска изјави дека нејзиниот сопруг кралот Чарлс, кој се лекува од рак, е „многу добро“. Камила го кажа тоа за време на посетата на Северна Ирска и во таа прилика се пошегува со граѓаните во Белфаст, велејќи им на работниците во една пекара дека тамошното паметно облечено момче „ги сака камерите“.

Една ученичка ѝ подала картичка на Камила со која му посакала се најдобро на нејзиниот сопруг, на што таа одговорила дека тој ќе биде воодушевен.

Кралот Чарлс не извршува јавни должности од јануари, бидејќи се лекува од рак, оставајќи ги Камила и престолонаследникот Вилијам да бидат јавно лице на кралското семејство, објави Ројтерс.

Камила и Вилијам се среќаваат со луѓе и извршуваат обврски оваа недела, додека уште една кралска ѕвезда, Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, исто така се закрепнува од здравствен проблем.

Се очекува Кејт да се врати на службените должности дури по Велигден на 31 март, по абдоминалната операција во јануари. Интересот за нејзиното здравје ги исполни насловните страници на британскиот печат.

Канцеларијата на комесарот за информации (ICO) соопшти дека ги истражува тврдењата дека вработен во клиника во Лондон каде што се лекувала Кејт се обидел да ги види нејзините досиеја без овластување. Клиниката соопшти дека ќе преземе соодветни чекори за да се истражи наводната повреда.

Слични содржини