Ја заборавиле цела ноќ во солариум: Бев како жива закопана

688 прегледи

Маја Грунлунд (32) од Данска 10 часа била заробена во солариум и мислела дека ќе умре.

Целата драма се одигала во април, а Маја сега одлчила да ја раскаже својата приказна.

– Беше касно навечер. Се слушна удар. Се преплашив. Сакав да го подигнам капакот, но не можев ниту да го мрднам. За среќа, светлото се изгаси, инаку ќе изгорев. Лежев заробена во солариум и се чувствував како да сум жива закопана – рекла Маја.

Нејзиното момче Каспер, се загрижил за неа и се јавил во салонот,но таму веќе немало никој. После тоа се јавил и во полиција, но оттаму му рекле дека не можат ништо да направат бидејќи Маја ја нема само неколку часа. Потрагата по возрасни лица започнува дури по 24 часа од исчезнувањето.

Каспер дознал од сопственикот на салонот дека рано наутро доаѓа чистачката, но ниту таа не дошла. Каспер слушнал како од салонот внатре вреска неговата девојка, зел камен и го скршил стаклото. Ја ослободил Маја која била толку психички растроена, што ја однеле на психијатрија.

Маја и ден денеска има страв од затворен простор и со месеци има кошмари.

– Најмногу стравував дека ќе останам без воздух и ќе се угушам – признала Маја.

Отштетата се уште не ја добила бидејќи осигурувањето мора да утврди кој е виновен, сопственикот на салонот или произведувачот на солариумот.

Слични содржини