Ја започна ли „Шанса за Центар“ порано кампањата спротивно на законот?

од Vladimir Zorba
369 прегледи

Утрово осамнаа билборди од независната листа на советници „Шанса за Центар“ што предизвика реакции на социјалните мрежи.

Според изборниот законик, „не е дозволено да се истакнуваат плакати, билборди или рекламни паноа со логото на кампањата“.

На билбордите се следаат боите и елементите на логото од оваа советничка листа, иако сакајќи да се „изигра“ законот, името на „Шанса за Центар“ никаде не е истакнато, а и билбордите се поставени во Карпош, на „граница“ со општина Центар.

Изборниот законик предвидува казни за ваквите прекршувања доколку се утврди поврзаност на одредена кампања со листа или кандидат за градоначалник на изборите.

Останува да видиме дали институциите ќе реагираат.

Слични содржини