Во епицентарот на силниот земјотрес во Хрватска, во петокот, Дин Јаданиќ (32) ја запроси својата девојка Ана Крзнаревиќ (26).
– Имав намера да ја запросам Ана минатата година, сето тоа требаше да биде божествено и убаво, исто како што заслужуваше. Избрав место и го чекав вистинскиот момент, а потоа се случи 2020 година со сите свои несреќи и коронавирусот, па таа идеја падна во вода – изјавил Дин за „24 sata“.
Дин работи како медицински техничар во Здравствениот дом Петриња веќе тринаесет години, а по последниот земјотрес на 29 декември едвај преживеала. Сега и двајцата волонтираат да им помагаат на жртвите од земјотресот, така што ретко се гледаат поради работата.
– Во четвртокот навечер, разговарав со мојот најдобар пријател Марк и решив следниот ден да ја запросам Ана, бидејќи сфатив дека нема смисла да се чека вистинскиот момент. Секој момент е реален – ја продолжува приказната.
Ана била воодушевена од потегот на нејзиниот сегашен вереник.
-Знаете како го чувствуваме тоа ние девојчињата, но овој пат немав идеја што се случува. Тој само вечерта ми рече дека сепак треба да одиме во Здравствениот дом да земеме некои работи. Пријатели нè чекаа таму, а Дин се преправаше дека бара нешто на подот. Иако не знаев што бара, барав со него. Потоа само во еден момент тој ја соблече кацигата, клекна на колена, го извади прстенот и тоа беше тоа. Секако дека реков да! – изјавила Ана.