Јабланица, Бушова планина и Караџица ќе добијат луксузни ски – центри

од Берта Китинска
1,1K прегледи

Три нови луксузни ски – центри по сите светски стандарди ќе бидат изградени  на Јабланица, кај Струга и Вевчани, на Бушова планина, кај Крушево и Македонски Брод и на Караџица, кај Сопиште и Студеничани, информираше денеска на прес – конференција в.д. директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески, заедно со Даниеле Костантини, консултант, експерт од Италија.

– Прелиминарните процени се дека овој проект би чинел помеѓу 700 и 800 милиони евра, а опфаќа изградба на три нови туристички села, на овие три локации, кои би содржеле вкупно 16 луксузни хотели со четири и пет ѕвезди, ресторани и околу 130 планински куќи со капацитет од над пет илјади легла. Ќе бидат изградени и жичарници, ски лифтови и над 180 километри алпски скијачки патеки, како и велосипедски и авантуристички патеки, појасни Павлески.