Јаболковиот оцет во служба на убавината

од Elena Daskalova
343 прегледи

Кујната стана нов извор на средства за убавина и нега. Има толку многу производи кои можете да ги користите за тен и убавина, а многу од нив се токму таму. Еден од нив е јаболковиот оцет кој со своето дејство влијае на циркулацијата на малите капилари. Има антисептични својства кои го спречуваат настанувањето на бактерии и вируси на кожата и може да се користи како средство за чистење.

Тоник
Користењето на јаболковиот оцет како тоник темелно ќе ја исчисти кожата и ќе го намали воспалението. Особено се препорачува ако имате псоријаза или акни. Само ставете неколку капки јаболков оцет на памук и поминете го лицето.

Маска за лице
Комбинирајте еднаков дел јаболков оцет и лековита глина (ако не можете да најдете тогаш земете сода бикарбона). Тоа ќе ви го исчисти лицето и детоксицира кожата. Маската треба да ја ставите на кожата да дејствува најмалку 10 минути пред да ја измиете со вода.

Антиперспирант
Ова може да се чини како чудна препорака, но многу е делотворна. По нанесување под пазувите, оставете да се исуши и мирисот ќе се неутрализира.

Габички и слично
Ако имате проблем со габички на кожата, јаболковиот оцет е добро решение. Едноставно нанесете го на зафатените делови два пати дневно. Малку ќе пецка, ама ќе ги отстрани и најтврдокорните габички. Ако го користите овој рецепт за деца, разредете го со вода во ист сооднос.

Изгореници од сонце
Премногу сонце, дури и со креми за сончање, може да предизвика изгореници. Оваа ситуација можете да ја решите така што ќе разредите оцет со вода и ќе се намачкате на зафатените подрачја. Исто така можете да ја наполните кадата со млака (поладна) вода и да ставите внатре еден филџан јаболков оцет, па да седите во таа вода 10тина минути.

За детоксикација
Наполнете када со топла вода и ставете два филџани јаболков оцет. Лежете во таа вода неколку минути- телото ќе се исчисти од токсини, кожата ќе се затегне и хидратизира.

Еве уште неколку добри страни на јаболковиот оцет:
– лекува првут, намалува притисок, подобрува метаболизам, намалува желудочни киселини, се бори против инфекции како кандида, ги чисти и дезинфицира кујнските површини.

Слични содржини