„Јадеше еден бадем на ден“: Kилијан Марфи целосно се трансформираше за улогата во „Опенхајмер“

од Stefanija Kuzmanovska
437 прегледи

Познатиот актер Kилијан Марфи ја игра главната улога во новиот хит на Кристофер Нолан – „Опенхајмер“.

Тој го толкува ликот на познатиот американски физичар Роберт Опенхајмер, познатиот „татко на атомската бомба“. Покрај него, во оваа продукција улоги играат и Емили Блант, Роберт Дауни Џуниор, Кенет Брана и други.

Она што е забележливо е дека Килијан прилично се трансформираше за улогата во овој филм и дека многу ослабе.

Емили Блант, која во филмот ја игра сопругата на Роберт Опенхајмер, изјави дека е шокирана од трансформацијата на Марфи.

„Тој имаше таков монументален потфат. Можеше да јаде околу еден бадем дневно. Беше толку слаб“, изјави таа за „Екстра“, пренесува „Глоси“.

Од друга страна, Марфи не сакаше многу да коментира како ослабел за оваа улога.

„Сакам да глумам со моето тело, а Опенхајмер имаше посебна фигура и силуета што сакав да ги постигнам“, изјави Килијан за „Њујорк Тајмс“ во мај.

 

„Морав многу да ослабам, а работевме на костими и кроење, тој беше многу тенок, речиси слаб, живееше од мартини и цигари. Пушев толку многу лажни цигари за „Пики Блајндерс“ и ова. Мојот следен лик нема да биде пушач“, изјави актерот во таа прилика.

Сепак, не сакаше да открие како ги изгубил килограмите.

„Ах, не. Не сакам да биде ‘Килијан изгуби толку и толку килограми за улогата’“, рече тој, откривајќи дека снимањето било доста напорно.

 

„Спиеш неколку часа, стануваш, па пак“. Трчав од лудата енергија – го поминав прагот до место каде што не се грижев за храна или ништо. Бев толку навлезен во тоа, состојба на хипер… хипер нешто. Но, тоа беше добро затоа што ликот беше таков. Никогаш не јадеше“, заклучил Марфи за споменатиот медиум.

Слични содржини