
Не сакаште ли да имате остеопороза? Вие само треба да јадете сливи! До таков заклучок дојдоа научниците од Сан Диего, кои утврдиле дека секојдневна порција од пет сливи го забавува губењето на коскената маса и го намалува ризикот од неа, соопштува Њуз вајр.
Сините сливи се богати со витамини и минерали, вклучувајќи и витамино К и калиум. Дел од пет сливи содржат само 100 калории и е одличен извор на влакна. Експертите од американскиот универзитет во градот работеле со жени во постменопауза со ниска коскена густина.
Тие јадеа по 5-6 сливи шест месеци. Ова количество се покажало сосема доволно и го забавило губењето на коскената маса, исто толку ефикасно како и тестирано друго истражување од 10 до 12 сливи дневно за цела година.
Секоја трета жена и секој петти маж над 50 години се загрозени од остеопороза, бидејќи коските и нивната маса брзо се намалува – со повеќе од 3 проценти годишно. Светскиот ден за борба против остеопорозата се одбележува на 20 октомври од 1996 година