Јадете јајца и бидете здрави

од Vladimir Zorba
121 прегледи

 

Јајцата имаат многу корисни материи и прво треба да се знае дека содржат состојки од исклучителна корист за организмот, како витамините А, Б6 и Е, тиамин, рибофлавин, фолна киселина, железо, фосфор, селен и магнезиум.

Го штитат видот и очите – јајцата содржат лутеин и зеаксантин кои го подобруваат видот и ги штитат очите од сончева светлина. Ако јадете редовно јајца, шансите да развиете окуларна болест се намалуваат за цели 50%.

Извор на протеини – за информации една порција месо е еквивалентно на 2 јајца. Тие го снабдуваат нашето тело со потребните протеини.
Здрави коски – во јајцата има доволно количество калциум и витамин Д, кои помагаат за здравјето на коските.

Губење на килограми – јајцата се нискокалорична и заситуваат доста, што значи дека нема опасност да се здебелите од нив.