На тироидната жлезда и е потребен јод за да функционира нормално и да произведува доволно хормони кои се неопходни за телото. Недостатокот на јод во организмот може да го наруши здравјето и да предизвика гушавост и хипотироидизам.
Според проценките на Светската здравствена организација, во светот има две милијарди луѓе кои страдаат од нарушување на тироидната жлезда, од кои 20% се жители на Европа.
Жените почесто заболуваат од болести на тироидната жлезда, секоја трета жена има јазол на тироидната жлезда, а секоја десетта има дел од дисфункција на тироидната жлезда.
Подолу можете да прочитате која храна ќе помогне да се нормализира функцијата на тироидната жлезда:
Јогурт
Млечните производи се полни со јод, но во нормални количини. Јогуртот со малку помала содржина на маснотии или грчкиот јогурт се добар избор и ќе ви понудат приближно 50 проценти од препорачаната дневна доза.
Бразилски орев
Тие се вистински пакет од уште една хранлива материја која е важна за работата на тироидната жлезда а тоа е селенот. Според резултатите од едно истражување, жените кои редовно го внесуваат во организмот имаат помали шанси да развијат болести на тироидната жлезда или гушавост.
Риба
Рибата е уште еден добар извор на оваа хранлива материја, а научниците пред долго време заклучиле дека луѓето кои живеат далеку од морето и рибите не им се достапни, имаат поголема веројатност да развијат гушавост.
Јајца
Едно големо јајце содржи околу 16 проценти јод и 20 проценти селен, што значи дека тие се совршена храна за здравјето на тироидната жлезда.