Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ) денес објави дека ја прекинува соработката со Нафтената индустрија на Србија (НИС) бидејќи, како што наведува, српската компанија не ја добила потребната лиценца за продолжување на извршувањето на Договорот за транспорт на сурова нафта, што ќе ја прекине можноста за понатамошно спроведување на договорените активности од 8 октомври.
„ЈАНАФ продолжува активно, во соработка со Владата на Република Хрватска и нејзините американски правни советници, да работи на можностите за наоѓање решение во согласност со важечката регулаторна рамка“, се вели во соопштението на компанијата.
Хрватската компанија нагласува дека е финансиски стабилна и подготвена за пазарни предизвици, а тоа е потврдено со спроведените стрес тестови и анализи.