Jaguar Land Rover (JRL) соопшти дека ја суспендирал испораката на автомобили од британско производство во САД на еден месец за да ги разгледа начините за ублажување на влијанието на царината од 25 отсто наметната од американскиот претседател Доналд Трамп.
JRL е еден од најголемите британски производители на автомобили, за кој американскиот пазар е важен поради неговите луксузни брендови. Компанијата продава околу 400.000 Range Rover Sport, Defender и други SUV модели секоја година и извезува речиси една четвртина од продадените автомобили во САД.
САД воведоа царини од 25 отсто за увезени возила и лесни камиони на 3 април, еден ден откако Трамп објави тарифи за други стоки од земји ширум светот.
Според Тајмс, JLR има неколкумесечна залиха на возила за американскиот пазар, кои не подлежат на новата тарифа. Истовремено, Велика Британија се фокусира на постигнување трговски договор со Вашингтон.
Претходно беше најавено дека VW привремено ја прекина испораката на своите возила од Мексико во САД по железница и ќе ги задржи возилата што пристигнуваат по море од Европа на пристаништето.
Германската компанија размислува за воведување „увозна такса“ за возила за кои се плаќа царина од 25 проценти.