Јахјага не сака Голема Албанија, туку членството на Косово во ЕУ

од Vladimir Zorba
194 прегледи

Идејата за обединување меѓу Албанија и Косово е стара и од минатиот век. Денес Косово има една единствена цел – интеграција во Европската унија , рече претседателот на Косово Атифете Јахјага пред швајцарскиот весник “Тагблат” во одговор на прашањето што мисли за повиците на многу млади Косовари за создавање на Голема Албанија, во која ќе влезе и самото Косово.

Etifete-Jahjaga-1

“Денес живееме во 21 век. Денес не е време за реализација на идеи од минатиот век. Целта на Косово и на сите граѓани на земјата е нашето членство во ЕУ” , нагласува Атифете Јахјага.

 Таа признава дека во последните месеци властите во Косово имаат сериозен проблем со масовната емиграција кон Западна Европа. “Тоа не е проблем само за Косово. Тоа е проблем за сите држави од регионот. Главната причина за миграција е економска и нејасната европска интеграција”, рече уште Јахјага. Според неа имало и “криминални елементи кои манипулирале граѓаните”.