Јахоски: Граѓаните го дадоа гласот за вистинскиот човек

од Vladimir Zorba
208 прегледи

Алија Јахоски, кандидатот за градоначалник на Пласница прогласи победа на денешните локални избори.

Пред изборниот штаб на партијата, каде беше придружуван од неговиот сопартијец од ДУИ, Крешник Бектеши, тој се заблагодари на сограѓаните што масовно излегле на гласање и покрај епидемијата на Ковид-19 и кажа дека „гласот го дале за вистинскиот човек“.

– Функцијата ќе ја извршувам чесно и ќе продолжам каде што застана претходниот градоначалник, ќе продолжам да ги реализирам започнатите проекти за овие 10 месеци, изјави Јахоски.

Тој додаде дека приоритет во недовиот мандат ќе биде подобрувањето на инфраструктурата и вработувањето, со цел да се спречи иселувањето од општината.

Слични содржини