Јајца за Велигден: Колку долго можеме да ги чуваме на трпезата?

од Nikola Popovski
1,5K прегледи

Во зависност од тоа дали се на собна температура или во фрижидер, јајцата имаат различен рок на траење.

Украсените велигденски јајца изгледаат убаво на трпезата, но треба да знаете дека варените јајца имаат многу пократок рок на траење од свежите. И затоа не треба долго да се чуваат како украс на масата, предупредуваат експертите.

Основното правило е дека јајцата треба да се чуваат во фрижидер по варењето, а не во корпичка на масата, како што се практикува кај нас.

Јајца по Велигден

Тешко е да се процени колку јајца треба да се сварат за Велигден, но во повеќето случаи, остатоците од празникот остануваат многу подолго отколку што треба. Ако јајцето се остави на собна температура повеќе од два часа, тоа станува плодна почва за раст и размножување на бактерии.

Како резултат на тоа, се јавува труење. Процесот на варење го отстранува заштитниот слој од јајцето, за што најзаслужна е лушпата што вообичаено го штити јајцето. Без неа, јајцето станува ранливо и изложено на воздух, температура и бактерии.

Тоа го поткрепува и фактот што секоја година по Велигден во американските болници се појавуваат најмалку двојно повеќе пациенти со симптоми на гастроентеритис, попознат како труење на желудникот. Симптомите може да варираат – од блага непријатност, надуеност, промени во варењето, до тешка мачнина, повраќање и дијареа.

Ако ги чувате јајцата на собна температура – ​​јадете ги истиот ден или најдоцна следниот ден, додека јајцата во фрижидер се безбедни за јадење до шест дена.

Слични содржини