Јајоска: Граѓаните без документи оти Град Скопје и Арсовска останаа без 31 принтер

од Nikola Popovski
366 прегледи

СДСМ обвини дека Град Скопје и цела админитрација без 31 принтер значи проблем во давањето на редовните услуги од кои штета ќе имаат граѓаните, физичките и правните лица. Според Рената Јајоска, советничка во Советот на Град Скопје, ваквото нејзино неодговорно работење ги остава вработените во Градот без средства за работа, а граѓаните ќе ги остави без потребните документи.

-Толку е менаџерскиот капацитет. Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не може да менаџираат ниту со канцелариската опрема во Град Скопје, а не пак да реализираат некој важен проект за градот и граѓаните. Првите шест месеци од мандатот Арсовска ги помина во неработење и партизација на Градот, секојденвно докажувајќи дека е најнеспособниот градоначалник што Скопје некогаш го имал, истакна Јајоска.

Од Град Скопје се огласија и соопштија дека поседуваат печатарска опрема во своја сопственост која активно се користи од администрацијата, велат од градот откако фирмата „Интек системи“ си ги зела принтерите.

-Постои договор за изнајмено печатење за поголеми количини материјал за кој поради недомаќинското работење на претходното рaководство во јавната набавка склучена во 2019 година, се исплаќани повисоки средства во вредност од 30% од проценетата врeдност, велат од Кабинетот на градоначалничката Арсовска.

Слични содржини