Јајцата се здрави, но не и ако ги јадете во комбинација со овие намирници

од Vladimir Zorba

Јајцата содржат многу хранливи материи. Тие обезбедуваат бројни здравствени придобивки, бидејќи се добар извор на протеини и можат да помогнат да се намали воспалението, да се подобри здравјето на коските и да се придонесе за здравјето на мозокот.

Тие се јадат за појадок, после тренинг или како ужина, а можат да се подготват на многу начини – варени или пржени (кајгана или на око).

Сепак, треба да внимавате со што ги јадете јајцата. Само затоа што се здрави, не значи дека можете да ги комбинирате со нездрави состојки.

„Поради висококвалитетните протеини и витамините Б кои ги содржат, нема сомнеж дека јајцата можат да бидат дел од здрава и урамнотежена исхрана. Но, кога се јадат со храна богата со масти, натриум и други нездрави состојки, сè паѓа во вода“, рече диететичарот Лорен Манакер.

Јајцата често се јадат со сланина, колбаси и пржени компири, а таквата храна е полна со заситени масти и сол, па затоа не се препорачува.

„Кога ќе се одлучите за јајца, јадете ги со друга храна како авокадо, леб од цели зрна и зеленчук“, предупреди Манакер.

Слични содржини