Jакарино се огласи на Twitter, за прв пат по назначувањето: „Инспирирана сум од визијата на Маск“

од Vladimir Zorba
364 прегледи

Новоименуваниот извршен директор на Twitter, Линда Јакарино, на Твитер напиша дека е „инспирирана од визијата на сопственикот на компанијата, Eлон Маск, да создаде посветла иднина“ и дека е возбудена поради предизвикот со кој се соочи за да помогне во трансформирањето на платформата.

Тоа, инаку, беше првото јавно соопштение на Јакарино од четвртокот, кога Маск откри дека преговара за назначување „нов извршен директор“, потсетува Ројтерс.

Откако го купи Twitter минатата година за 44 милијарди долари, Маск беше извршен директор, а Јакарино до неодамна беше директор за рекламирање во Comcast Corp NBCUniversal.

Таа, сепак, сега ќе го преземе управувањето со Twitter, кој се обидува да го смени трендот на пад на приходите од реклами и зголемување на долгот бидејќи огласувачите постепено ја прекинуваат соработката поради радикалните одлуки на Маск.

Еден од нив беа масовните отпуштања, речиси 80 отсто од нив.

Слични содржини