Јакимовски: Ако имаше полицаец на „Партизанска“, Јованов немаше да вози 130 км на час

од Nikola Popovski
279 прегледи

Градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски смета дека не треба целата вина околу 20-годишниот Васил Јованов да се префрли врз судот. Според него, треба да се спомене и полицијата, бидејќи, како што вели, „ако имало полицаец на „Партизанска“ возачот немало да вози 130 километри на час“.

-Искрен да бидам ние не можеме да видиме полицаец низ градот. Кај мене до општината, континуирано се вози во обратен правец и кога разговарам со командирите и началниците да пуштат полицаец, за еден ден ќе ја вади платата за цела полициска станица, ќе ви кажат дека немаат луѓе. Добро, за што имаме ние луѓе во оваа држава? За мене е чудно кога некој ќе каже честитки до Владата, честитки до Пандов, честитки до полицијата…но, мораме да промениме многу работи за да се воведеме во ред. Судијката требаше ли да го запре на „Партизанска“ дека вози 130? За што ни служи полицијата? Ни станала како записничари, рече Јакимовски во емисијата „Само вистина“.

Градоначалникот исто така постави прашање „што мајка треба да те роди за да возиш 130 на Партизанска?“.

Јованов кој ја прегази Фросина и претходно бил во притвор, но за друго кривично дело, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци. Кривичен тогаш пресудил дека момчето треба да оди во воспитно поправниот дом Тетово. Јавен обвинител барал притвор, но при изрекување на пресудата судот ја укинал оваа мерка. Обвинителот ја обжалил одлуката на судот и предметот во моментот е во жалбена постапка, објаснуваат од Основното јавно обвинителство.

Слични содржини