Јакимовски: Ако сега Македонија ја остават поради ветото, а Албанија пројде – ќе биде срам за Европа и САД

од Nikola Popovski

Градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски смета дека францускиот предлог е обична дипломатска лага.

-Нас ни се фрла предлогот на големиот Макрон, а од позади се цитира протоколот, во кој се сите барања на Бугарија. Главата му се сече на македонскиот народ со протоколот. Најголемата опасност по Македонија стои токму овде и во образованието, каде што треба да ги смениме учебниците по историја и географија. Оваа операција се прави за Албанија, не за Македонија. Ако сега Македонија ја остават поради ветото од Бугарија, а да пројде Албанија, тоа ќе биде срам за Европа и САД. Трикот е нас да не убедат да прифатиме, влегуваме во преговори, а потоа со протоколот ќе не запрат, Македонија ќе остане, а Албанија ќе си пројде. Не можам да сфатам како може некој да асистира во ваква работа. Таму стои дека ние треба да ги осудиме службите што работеле во времето на комунизмот, рече Јакимовски во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини