Градоначалникот на општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски бара ликвидација на масовните убијци на лице место. Оваа негова изјава следува после минатонеделните масакри во Србија, каде во два одделни настани животите ги загубија 17 лица, а 20 беа ранети.
-Без разлика дали се рбаоти за деца или возрасни, не треба полицијата да го апси, туку да го ликвидира. Ако следниот при апсење не биде ликвидиран ќе има уште многу вакви егзибиционисти. Гледате што прашувало момчето? Дали е главен на социјалните мрежи, ако следниот случај не се исече од корен ова ќе иде во прогрес, рече Јакимовски во гостување на „Тешки муабети“ на Инфомакс.
Градоначалникот прашува како осомниченото дете за убиствата во белградското училиште би било пуштено на слобода.
-И како после неколку години ќе го пуштиме ова дете, осум деца уби, колку ќе бидат тешки инвалиди, како ќе го пуштите да шета меѓу луѓе после, додава Јакимовски.