Лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски ја коментираше вчерашната лидерска средба и темите што беа на маса. Тој се осврна на предлогот на премиерот Димитар Ковачевски за широка влада и условот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за влада без ДУИ.
-Кој бил фамозниот услов на големиот лидер? Прв услов му бил, ќе гласал да влезе во Влада и тоа со СДСМ, а втор услов во Владата да не биде ДУИ. Бидејки ДУИ разбира политика уште незавршена пресконференцијата излегоа со став: нема проблем ние ќе излеземе од Влада само ти гласај ги уставните промени, напиша Јакимовски на социјалните мрежи, упатувајќи критики до Мицкоски:
-Пријатели од ВМРО ДПМНЕ, вратетете го човеков во месен комитет и пратете го на политичка школа зошто веќе и Ковачевски за него стана Марадона!
Јакимовски исто така наведе ДУИ ќе излезе од Влада, но после гласањето на уставните измени, како што вели, „ќе му ги удрат клоците на Мицкоски“.