Јакимовски без закуп дал простории на училиште за странски јазици, обвини ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

Го прашуваме градоначалникот Јакимовски дали последното од низа е давањето на користење на училишен простор и училници за дополнителни часови на правно лице без оглас за издавање на просторот, без никаква постапка и без одлука и одобрување од страна на Советот во Општина Карпош. Училиште за странски јазици отпочнало со предавање и вршење на дејноста во училиштето со знаење и согласност од страна на градоначалникот и без важечки договор за закуп, обвини денеска Адријана Јакимовска Панчевска, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош.

Таа праша дали и покрај големиот интерес за закуп на просториите изразен од страна на повеќе фирми и здруженија, просториите во 8 од вкупно 10 основни училишта во Карпош веќе се дадени на користење на фирма чија сопственичка беше кандидат за советник од ГРОМ во 2017 година и истата имаше тесни врски и соработка со СДСМ во изминатите 5 години во Општина Карпош, користејќи ги училниците, наплатувајќи ги услугите од родителите и остварувајќи профит.

Јакимовска Панчевска додаде дека советничката група ќе опстои по секоја цена на ставот дека за секое самоволие, непочитување на процедурите и законите треба да се сноси одговорност.

Слични содржини