Јакимовски: Четирите свети букви пред ДПМНЕ не го заслужуваат дволичниот однос на Мицкоски

од Nikola Popovski
203 прегледи

Ниту референдум, ниту трошоци, ниту да го мачиме народот. Се е во нашете раце, доколку луѓето ни дадат поддршка со 61 пратеник, на првата седница на Собрание, бираме претседател и следна точка на дневен ред е поништување на француско-бугарскиот предлог. Ние како ГРОМ само ќе помогнеме да се дојде на власт и ништо друго не бараме, туку ќе му ја поддржуваме Владата на Мицкоски, ајде дојдете да потпишеме и да не го манипулираме народот, изјави денеска претседателот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски околу евентуалното референдумско изјаснување.

Јакимовски потенцира дека „СДСМ е јасен како ден, но обидите на Мицкоски се јавниот предавник да биде заменет со таен предавник“.

-Тоа не го заслужува никој, ниту членовите на ВМРО-ДПМНЕ, ниту македонскиот народ. Тоа не го заслужуваат ниту тие четири свети букви што ги имаат пред името ДПМНЕ не го заслужуваат дволичниот однос. Досега немаат зуцнато за мојот предлог, само странично пуштаат плукање и ништо повеќе од тоа. Што има тука од филозофија? Ви гарантирам дека граѓаните ќе не поддржат, одамна се занимавам со политика. Не треба да се плашиме ниту од црни листи, порача претседателот на ГРОМ во гостувањето на „Само вистина“.

Слични содржини