Јакимовски: Да бидеме фер однапред да договориме казна за неуспешниот референдум

од Nikola Popovski
319 прегледи

Лидерот на ГРОМ и градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски смета дека „македонскиот народ ќе испие уште манипулација на Христијан Мицкоски“, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ синоќа соопшти дека партијата ќе собира потписи за задолжителен референдум за поништување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија.

Јакимовски порача дека Мицкоски „влегува во авантура во која однапред знае дека нема да успее“.

-Да бидеме фер однапред да договориме казна за неуспешниот референдум! Предлагам смрт со бесење за предавникот кој со еден потег ќе ја легитимира оваа нечесна игра за бугаризација на Македонија, напиша Јакимовски на социјалните мрежи.

Слични содржини