Јакимовски: Да воведеме и данок на купени дипломи, фалсификувани сертификати?

од desk2
173 прегледи

 

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, иронично реагираше на социјалните мрежи по изјавата од премиерот Христијан Мицкоски дека се размислува за „данок на неженети“.

Во статус на својот Фејсбук профил, Јакимовски ја нарече Владата „патриотска“, но наместо решенија за младите, ја обвини дека нуди мерки од типот на наметнување даноци врз граѓаните врз основа на нивниот брачен статус.

„Од патриотизам до апсурд – новата идеја: ДАНОК НА НЕЖЕНЕТИ! Бројот на ученици е намален за 17.000 – тоа е аларм за секоја нормална држава. Но, за патриотската влада – инспирација“, напиша Јакимовски.

Тој саркастично предложи и други „даноци“:
▪️ Данок на изгубени премиери
▪️ Данок на купени дипломи
▪️ Данок на партиски вработувања без знаење
▪️ Данок на фалсификувани сертификати

Градоначалникот на Карпош идејата ја спореди со даноците во Отоманската империја.

„Продолжи вака, премиере! Даночната инспирација ти оди подобро од демографската стратегија!“

Слични содржини