Јакимовски до Ристовски: Министерот единичар вели дека немам проекти, исто како да кажете дека Ѓоковиќ не знае да игра тенис

од Nikola Popovski
256 прегледи

Очигледно министерот за спорт Ристовски не се откажува од својата каубојска намера и продолжува со своите небулози. Вели и ме обвинува дека не сум имал проекти и сум се плашел од избори. Да кажете дека Стевче Јакимовски нема проекти е исто како да кажете дека Новак Ѓоковиќ не знае да игра тенис. Веројатно премногу бил зафатен со ракометот и не ја следел политиката. Да го потсетам дека четири пати победувам на избори и четири пати ја победувам неговата партија со проекти, а не како неговата партија со четирите букви напред поставени. Јас сум најнаградуваниот градоначалник во Југоисточна Европа, рече градоначалникот на Карпош во денешното обраќање пред салата „Партизан“.

Јакимовски истакнува дека вистината за салата е на негова страна и Општината и не се согласува со преземањето на ингеренциите од страна на Владата, поточно Министерството за спорт.

-Toj бил репрезентативец, но и јас сум бил репрезентативец и сум бил шампион во карате. Не сум бил торко туку сум бил одличен ученик и сум завршил Економски факултет во време кога само 5% од запишаните студенти дипломирале, за разлика од него кој во Средното градежно училиште имал просек 2.00. Значи класичер единичар и тие 2.00 му ги поправале на совет…, критикува меѓу другото градоначалникот на Карпош.

Јакимовски бара да не се спушта нивото на комуникација, затоа што, како што вели, мојот вокабулар е многу опширен и ќе се чувствувате многу непријатно, обраќајки се до министерот Ристовски.

Слични содржини